За викендот санкционирани 186 возачи за брзо возење

63

За време на викендот 186 возачи се санкционирани бидејќи возеле побрзо од дозволеното, а 54 лица управувале моторно возило пред да се стекнат со возачка дозвола.

Билтенот на СВР Скопје покажува дека од сообраќај се исклучени и 18 возачи кои возеле под дејство на алкохол, како и девет возачи почетници. Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај и 40 нерегистрирани возила.

Викендов се случиле 19 сообраќајки од кои во 12 е причинета материјална штета, а во седум имало повредени лица. Со тешки телесни повреди се здобиле еден возач на мопед и сопатник на мопед, а со полесни повреди биле 12 лица.

Еводентирани се и 11 возачи кои поминале на црвено светло и 20 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле.

За некористење на заштитен шлем санкционирани се 40 возачи на мотор, мопед и мотоцикл, како и 10 пешаци кои не поминале на обележан пешачки премин.

Сообраќајната полиција издала 116 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 89 возила.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...