Лекарите во Хрватска треба превентивно да пријавуваат душевно болни

Опишаната превентивна активност не претставува никаква нова обврска за докторот или на кој било начин се меша во правата на пациентите, се наведува во соопштението.

183

Осиечко-Барањската полиција соопшти дека писмото до Здравствениот дом во Осијек во кое бараат да се извести полицијата доколку кај лица со ментална попреченост перцепираат форми на радикално однесување  –  не е нова должност на лекарот, ниту пак влијае на правата на пациентите, туку дека е превентивна активност.

Полицијата соопшти дека добила писмо од Дирекцијата  за криминал на крајот на јули, испратено до сите полициски оддели, во кое се бара да контактираат со институции за третман на лица со ментални нарушувања, „за да се укаже на новата зачестеност на радикализација на лицата со ментални пречки“.

Тие објаснуваат дека „во земјите членки на ЕУ постои тренд дека лицата со интелектуална попреченост се склони кон радикални идеологии и интерес за терористички организации“ и дека „голем број такви лица започнале со подготовка на терористички напади, но благодарение на добрата соработка на полицијата и лекарите специјалисти за третман на лица со ментални нарушувања навремено се спречени“.

Иако во Хрватска нема такви случаи, според добрите практики на другите земји, целта на таа наредба била со заедничко превентивно дејствување, да се контактираат институции и канцеларии за третман на лица со ментална попреченост, соопшти полицијата во осиечко-барањската полиција.

Се наведува дека опишаната превентивна активност не претставува никаква нова обврска за докторот или на кој било начин се меша во правата на пациентите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...