Амбасадорски совет за европската перспектива на Северна Македонија

145

Министерството за надворешни работи денеска и утре го организира годишниот Амбасадорски совет, што оваа година е тематски посветен на европската перспектива на Северна Македонија.

Како што соопшти МНР, целта на овој дводневен работен состанок е да се направи координиран пресек на досегашните и да се допрецизираат следните чекори и конкретни, фокусирани дипломатски активности во пресрет на одржувањето на Европскиот Совет во октомври, кога се очекува да биде донесена одлука за почеток на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Во рамки на Амбасадорскиот совет предвидени се работни средби со претседателот на државата, Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со претседателот на Владата, Зоран Заев и со потпретседателот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Предвидени се и неколку работни сесии на кои шефот на дипломатијата Никола Димитров и амбасадорите на Северна Македонија акредитирани во земјите-членки на ЕУ подетално ќе ги разгледаат сите аспекти релевантни за остварување на целта – одлука за почеток на пристапните преговори со ЕУ во октомври, како и активностите кои ќе следат по истата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...