Триесет и петгодишниот Давор Перниќ на сослушувањето тврдел дека го убил семејството на Раја за да му ги зеде парите, масакрот го извршил откако планот му го смениле трите постари жени.
– Љубовницата мораше да оди на операција и итно и беа потребни пари. Слушнав дека Казимирови имаат многу пари, па одлучив да извршам грабеж. Меѓутоа, кога влегов во нивната куќа, работите се искомплицираа – рекол тој, пренесува „Курир.рс“.
Тој е осомничен за убиствата од 7 август на 72-годишниот Раја, неговата 93-годишна мајка, 76-годишната сестра и 53-годишната внука.
ФОТО: Принтскрин / Инстаграм