Ново рочиште за „Титаник 3“ на СЈО

111

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за уништување изборен материјал на локалните избори во 2013 година „Титаник 3“ на СЈО.

Во Титаник 3 обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Постапката почна одново на 15 март годинава по именување на судијката Марија Клетичка за нов судија во предметот, откако судијката Оља Ристова, која го водеше случајот, во февруари годинава побара изземање од предметот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...