Синоќа во СВР Куманово, од Итна медицинска помош било пријавено дека во автобус на граничниот премин Табановце на излез од Македонија починал Ф.С. (71) од Унгарија.
Лекарот констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила екипа од СВР Куманово во присуство на сестрата на починатиот и возачот на автобусот, двајцата од Унгарија. Известен е јавен обвинител.