Отворен куп во кајак на диви води – слалом на реката Вардар кај Демир Капија 

98

Отворен куп во кајак на диви води – слалом се реализира на реката Вардар кај Демир Капија. По пауза од 17 години, настанот го организира возобновениот Кајакарски кану клуб „Просек” Демир Капија,  во соработка  со Општина  Демир Капија и Кајакарската Федерација.

– Учествуваат педесетина учесници од повеќе клубови од земјава и еден клуб од Србија. Се натпреваруваат во пионерска, јуниорска и сениорска конкуренција. Најмладиот натпреварувач има 10, а највозрасниот 69 години. Се тече во најдобар ред, истакнаа од „Просек” за МИА.

Најдобрите ќе добијат пехари, медали и подароци од спонзорите на првенството.

Задоволство од враќањето на традицијата со цел  промовирање на демиркаписките природни богатства,  како реката Вардар, но и спортот како здрав начин на живот, изрази и градоначалникот Лазар Петров. Тој потсети дека Демир Капија секогаш имала кајакарски потенцијал, а кајакарството како љубов се пренесува од генерации на генерации.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...