Го запознал на сајт за фетиши, а потоа го кастрирал: Полицијата го нашла во локва крв

„Овој случај е малку... чувствителен, така да кажеме. Би можеле да кажете и дека е бизарен“, објавила канцеларијата на шерифот.

1154

Еден 74-годишен маж од Флорида е уапсен затоа што кастрирал маж кој го запознал преку онлајн фетиш сајт за евнуси.

„Овој случај е малку… чувствителен, така да кажеме. Би можеле да кажете и дека е бизарен“, објавила канцеларијата на шерифот на округот Хајлендс на Фејсбук по повод апсењето на Гери ван Рисвик.

Рисвик, кој не е лекар ниту некогаш студирал медицина, кастрирал 53-годишен маж на 18 август, една недела откако го запознал на сајтот eunuch.com, наменет за луѓе кои имаат фетиш за кастрација.

Полицајците од округот Хајландс интервенирале во Себринг откако некој ја повикал службата за итни ситуации, а потоа ја спуштил слушалката. Полицијата дошла во куќата на Рисвик, а тој веднаш им признал дека штотуку кастрирал еден човек.

– Шерифите го нашле човекот како лежи на креветот со крпа преку препоните и како обилно крвави – рекле во канцеларите ја шерифот. „Покрај креветот имало розов контејнер во кој имало два дела од телото кои ѝ припаѓале на жртвата. Жртвата била пренесена во регионалната болница и е во стабилна состојба.“

Властите соопштиле дека неименуваниот човек итно е префрлен во болница и дека моментно е во стабилна состојба.

Според полицискиот извештај собата во која бил најден мажот била како импровизирана хируршка сала со медицинска опрема и лекови против болка.
Исто така признал дека со жртвата разговарал за кастрацијата на сајтот за евнузи – eunuch.com. На жртвата ѝ рекол дека веќе кастрирал животни додека работел на фармата, а во 2012 година самиот себе си го отстранил едниот тестис.

Полицајците пријавиле дека Ван Рисвик собата ја претворил во импровизирана хируршка сала со цела медицинска опрема, лекови против болки и со камера која ја снима процедурата. Тој на полицајците им признал дека се обидл да го кастрира тој човек една недела порано, но се откажал. Претходно веќе кастрирал еден човек во локален мотел пред неколку години, а и таа процедура тргнала на лошо па и тој морал итно да биде префрлен во болница.

Уапсен е и обвинет за нанесување на физички повреди и практикување на медицина без лиценца.

 

Foto: Facebook/Higlands County Sheriff’s Office

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...