Голем пожар избувна синоќа кај селото Опеница на патот Охрид-Ресен, кој се уште беснее.
Гори нискостеблеста шума на непристапен дел од планината, а пожарот го гаснат десетмина пожарникари и припадници на Македонски шуми.
Гаснењето е отежано поради непристапниот терен за противпожарните возила, а Кризниот штаб бара решение.