Бендот „Визија” продолжува со своите интернационални настапи. Откако во мај годинава настапија пред француската публика во градот Дижон, сега во рамки на „Europe Convergence” ќе одржат и два концерти во градот Патра.
Концертите се закажани за 28. и 31. август, а покрај „Визија”, во периодот меѓу 26. август и 2. септември ќе настапат и бендови од Франција и Грција кои ќе го претстават својот материјал пред публиката во третиот по големина град во Грција.
Бендот „Визија” постои неполни осум години, го сочинуваат Марко Џамбазоски, Марко Гапо, Лилјана Јанкова и Синиша Ѓорѓевиќ, а зад себе имаат настапи на звучни регионални фестивали како што се „Егзит”, „Заечарска гитаријада”, „Миксер”, „Јелен Демофест”, „Лејк фест”, „Таксират”, „Земјотрес“.