Филипче: Операции на децата ќе се извршуваат и во „Систина“ и во „Жан Митрев“

310

Министерот за здравство Венко Филипче, по дилемите и шпекулациите за функционирањето на Детската кардиохирургија со концептот јавно – приватно партнерство откако кардиохирургот Владимир Чадиковски замина од клиниката „Жан Митрев“ и неговиот ангажман го продолжи во клиниката „Систина“, вели дека концептот останува, а операциите на децата ќе се извршуваат во двете приватни болници со истиот износ на пари определени за таа намена од Фондот.

– Флуктуацијата на тимовите е нормален процес во сите развиени европски земји, никој и никаде со години не останува на едно место,  луѓето заминуваат заради тоа што сакаат да најдат нова средина за работа и да го унапредат сервисот. Така и ние сега имаме ситуација во којашто во две институции коишто имаат важечки договори со Фондот можат да се прават и детски и адултни кардиохируршки интервенции – рече Филипче во интервју за ТВ Телма.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...