ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека поради технички зафат в понеделник од 7,30 часот до завршување на интервенцијата, водоснабдувањето ќе биде прекинато во целата населба Лисиче.
– Во тој период ќе бидат инсталирани „затварачи” кои во иднина ќе обезбедат парцијален прекин на водоснабдувањето, односно само во деловите каде евентуално би се појавил дефект. Со ова ќе се надмине досегашниот проблем за прекин на водоснабдувањето во целиот реон – велат од ЈП Водовод и канализација.