Крвава драма на Лезбос: Малолетен бегалец уби негов врсник во прифатен центар

440

Со нож, од засега непознати причини, 15-годишен бегалец без придружба од Авганистан, нападна негови врсници во прифатниот центар на грчкиот остров Лезбос, усмрти еден од нив, а двајца повреди, jави дописничката на МИА од Атина.

Инцидентот, според грчките медиуми, се случи синоќа кусо по 23 часот во делот за прием на малолетни лица без придружба што е во склоп на центарот за прием и идентификација на бегалци и мигранти во Морија на Лезбос.

Малолетниот бегалец со нож нападнал врсници, негови сонародници, усмртил еден, додека пак од двајцата повредени, едното дете е во сериозна состојба.

Според грчките медиуми инцидентот се случил во т.н. заштитена зона, каде што се сместени малолетните бегалци и мигранти без придружба, а нивната бројка е тројно поголема од капацитетот на центарот. Во конкретниот дел наменет за 160 лица има над 600 малолетници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...