Ако до 31 август родителите не достават потврда дека детето ги има примено сите вакцини нема да биде запишано во училиште, велат во основните училишта на десетина дена до стартот на учебната година.
Од Министерството за образование остануваат на ставот согласно одлуката на Владата без уреден вакцинален статус да нема уписи. Засега немаат точна бројка колку невакцинирани првачиња не се запишани во училиште.
Според податоците од Институтот за јавно здравје иако од почетокот на епидемијата на мали сипаници вакцинирани се над 35.000 лица до 14 години, сепак МРП немаат примено уште 8.600 деца, поголем дел се ученици.
Од министерството за здравство велат дека ДСЗИ од септември не само на првачињата, ќе го проверува вакциналниот статус на сите ученици. За да продолжат со настава мора да бидат вакцинирани.