Двајца малолетници се борат за живот по тешка сообраќајка со мотоцикл и шкода

552

 

Ноќеска на улица „532“ во село Марино, скопско, се случила  сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шкода фабиа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Г.(49) од Скопје и мотоцикл „линбен“ управуван од малолетник, а на кој се превезувал друг малолетник.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата малолетници кои биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...