Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје при контрола за откривање прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли санкционира 46 возачи на мотоцикли, за што им се издадени прекршочни платни налози.
Откриени се и 35 останати прекршоци, за што се издадени 27 мандатни платни налози и осум прекршочни платни налози, информираат денеска од СВР Скопје.