Музичарот Род Стјуарт (74) со својата сопруга го прославил 40-тиот роденден на нивната ќерка Кимберли. Сепак, тоа не го привлече вниманието на медиумите и корисниците на Инстаграм колку фотографиите од Род со четирите сопруги, трите поранешни и неговата сегашна сопруга.
Род Стјуарт со една фотографија покажа дека останал во пријателски услови со своите поранешни партнерки и дека неговата сопруга нема никаков проблем со нив.
Ќерката Кимберли ги угостила сите пријатели и бившите сопруги на Род Стјуарт.
Првиот брак Род го имал со Алана Хамилтон (од левата страна на фотографијата) кој траел од 1979. до 1984 година, таа е мајка на Кимберли и Шон.
Вториот брак на музичарот бил со манекенката Рејчел Хантер (десно на фотографијата), кој траел од 1990. до 2006 година, и заедно ги добиле Рене и Лијам.
Помеѓу неговиот прв и втор брак, тој добил дете со Кели Емберг, која стои помеѓу Рејчел и Рон.
Со водителката Пени Ланкастер (која стои десно од Род) добил два сина, Аластир и Ајден. Во среќен брак се од 2007 година.
FOTO: Instagram/Printskrin