Избран најубавиот маж за 2019 година, има коефициент на интелигенција 181 ФОТО

Џек е првиот Британец кој е прогласен за Мистер, а освен завидниот изглед, има надпросечен коефициент на интелигенција.

1182

Во петокот на Филипините беше одржан избор за Мистер на светот, а титулата на најзгоден ја понесе Британецот Џек Хеслевуд (27).

Џек е првиот Британец кој е прогласен за Мистер, а освен завидниот изглед, има надпросечен коефициент на интелигенција – 181. По струка е авионски инженер.

– Не можам да бидам погорд отколку што сум сега. Горд сум на сите што ме поддржаа на патот до оваа титула. Немам вакво искуств, опкружен сум со другите натпреварувачи кои се импресивни, имаат разни таленти и амбиции. Мојата иднина ќе биде интересна и ќе ве информирам за она што го правам – изјавил новиот Мистер на светот која е одбран помеѓу 71 нтпреварувач.

„Во манекенството можете да запознаете многу луѓе и да стекнете многу пријатели. Тоа е убаво оддалечување од науката што е многу тешка“, додал најубавиот маж на светот.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...