Милошоски: Димитров за „Рекет“ бил информиран лично од нерезидентен амбасадор

5162

Никола Димитров можно е да имал претчувство за Боки Тредичи, но независно од ваквите лични супер-моќи, министерот за надворешни за скандалот „Рекет“ бил информиран во првото тромесечие од 2019та, лично од еден нерезидентен амбасадор, претставник на една од поновите членки на ЕУ, чив близок соработник во Македонија (познат стопанственик) бил исто жртва на изнуда на пари од рекетарско-обвинителската екипа на власта!, напиша на Фејсбук пратеникот Антонијо Милошоски.

-Прашањата кои можат да ја интересираат јавноста и обвинителството се:

1. Кога министерот Димитров ја добил информација од нерезидентниот амбасадор за мега скандалот Рекет? 2. Дали Димитров сознанијата за Рекет ги споделил со јавното обвинителство или можеби ја информирал владата на затворена седница? 3. Доколку не го информирал ниту обвинителството, ниту владата, зошто министерот Димитров одлучил да молчи, да не ги пријави сознанијата за „Рекет“, и да не ја информира јавноста?

Право на МНР Димитров е да си одлучи дали ќе тужи новинари за објава на документи во кои неговото име се споменува во контекст со аферата „Рекет“. Но, пред да го направи тоа, корисно би било пред обвинителството да даде исказ за конкретните информации кои, во врска со оваа криминално-политичка афера, ги добил од нерезидентниот амбасадор на земја членка на ЕУ во првото тромесечие од годинава, пишува Милошоски.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...