Во СВР Скопје вчера било пријавено дека на улица „Дринска” поради нарушени меѓусоседски односи бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.И.(23), И.С.(56) и Ф.С.(21) од Скопје од една страна и А.А.(34) и двајца малолетници од Скопје, од друга страна.
Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, информира МВР.