Салах со два гола го предводеше Ливерпул до победата над Арсенал

151
ФОТО: EPA / PETER POWELL

Ливерпул го совлада Арсенал со 3:1 вечерва во натпревар од третото коло од Премиер лигата. Најзаслужен за победата на „црвените“ беше Мохамед Салах кој постигна два гола. Првиот погодок за домаќините го постигна Жоел Матип.

Единствениот гол за гостите од Лондон беше дело на Лукас Тореира.

Ливерпул со максимални 9 бода е на првото место на табелата во Премиер лигата. Арсенал остана на 6 бода и во моментов е втор.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...