Британскиотт принц Ендру денеска изјави дека никогаш не забележал, ниту се посомневал дека се случуваат злосторства за кои е обвинет покојниот американски милијардер Џефри Епстајн.
– Ниу во еден момент во текот на ограниченото време кое го поминав со него не видов, ни забележав и посомневав во однесувањето поради кое подоцна е уапсен и осуден – изјави принцот.
Тој додаде дека грешка било што се запознал со Епстајн во 2010 година, кога милијардерот излегол од затвор.
Британските медиуми неодамна објавија фотографии на Ендру како се поздравува со една жена во вилата чиј сопственик бил токму Епстајн.