Алијанса до Спасовски: До каде е со истрагата за случајот со автомбилот на инспекторот?

369

Загрижени сме поради недостигот на информации од МВР во врска со случајот со автомобилот на инспекторот со кое се превезуваа наркотични средства. Дури и по повеќе од една недела, надлежните органи не даваат појаснувања какви правни мерки се преземени од страна на внатрешната контрола во рамките на МВР во врска со споменатиот случај, се вели во соопштение на Алијансата за Албанците.

– Кој е инспекторот чие што возило го користеле за транспорт и продажба на наркотици и какви мерки беа преземени против него како припадник на МВР? Ги осудуваме ваквите случаи и бараме одговорност од органите на редот и обвинителството, но јавноста сѐ уште нема добиено никакво службено објаснување.
Нашите дилеми и сомневања се засноваат на фактот дека недостатокот на транспарентност во овој случај е резултат на политичкиот притисок од страна на ДУИ, засновано врз неофицијални извештаи пласирани во медиумите дека возилото со кое се превезувале и продавале наркотиците е во сопственост на партиски функционер на ДУИ од Гостивар.
Бараме од министерот Оливер Спасовски и заменик министерот Агим Нухиу да одговорат какви мерки се преземени од страна на МВР кон нивниот припадник и во која фаза на постапка се наоѓа соодветниот предмет  – соопшти Алијансата за Албанците.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...