Илјадници антиглобалисти и активисти за заштита на животна средина им се придружија на демонстрантите на движењето „Жолти елеци“ денеска на протестен марш кај Биариц, каде што започнува самитот на Г7.
Демонстрантите маршираа од блискиот град Андај, на границата меѓу Франција и Шпанија, во знак на протест против економската и климатската политика на најразвиените индустриски земји и да промовираат алтернативи, кон шпанскиот град Ирун, околу 30 километри од Биариц.
– Водечките капиталистички лидери се тука и ние треба да им покажеме дека борбата продолжува. Богатите имаат повеќе пари, а сиромашните немаат ништо. Гледаме дека шумите во Амазон се палат и се топи Арктикот. Лидерите ќе не слушнат – рече Ален Мисана, облечена во жолта боја елек – симбол на антивладини демонстрации во Франција.
Демонстрантите носат транспаренти со различни пораки – од оние што се однесуваат на правата на геј популацијата до оние упатени до лидерите на Г7.
Самитот на Г7 во Биариц го обезбедуваат повеќе од 13.000 полицајци со поддршка на војници.