Камерон Далас: Погрешно мислев дека рехабилитација значи валкано место и лоши луѓе

Далас преку Инстаграм објава и видео им се извини на сите, кои претходно можеби ги изнервирал или навредувал со своите постапки.

270
ФОТО: Инстаграм

Погрешно мислев дека рехабилитација од алкохол и депресија всушност значи валкано место и лоши луѓе. Вака коментираше Камерон Далас, Инстаграм ѕвезда со над 21 милион следбеници.

Тој откри дека е 105 дена „чист“ откако поминал 2,5 години како најмрачен период во неговиот живот. Далас преку Инстаграм објава и видео им се извини на сите, кои претходно можеби ги изнервирал или навредувал со своите постапки.

– Бев на рехабилитација. Добив помош за да се соочам со зависноста, анксиозноста, депресијата и траумите во семејството. Веќе 105 дена сум „чист“ и тоа е навистина одлично, сакам да продолжам по овој пат. Јас сакам да им помагам на другите и да ги просветлам, за да побараат помош сите на кои тоа им е неопходно – рече тој.

Во декември тој беше притворен по наводна тепачка со друг маж.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...