Лозарите повикаа за бојкот на откупувачи кои нудат пониски цени за грозје

222

Сопствениците на винариите и останатите откупувачи на грозје, најдоцна до вторник да го сменат својот тврд став и откупните цени на сортите „смедеревка” и „вранец” да ги подигнат во висина на производствените цени, 16 и 18 денари.

По овој рок производителите ќе го бојкотираат предавање на грозјето кај сите откупувачи кои нема да го испочитуваат ова барање. Ова било одлучено на состанокот на Управниот одбор на Здружението „Напредни лозари”, по синоќешниот протест на лозаропроизводители, за повисоки цени на грозјето.

– Апелираме до Владата на чело со премиерот, Министерството за земјоделство, до локалните самоуправи од регионот и сите останати релевантни фактори, да вложат дополнителни напори, да ги употребат сите овластуавања, надлежности и целокупна моќ и влијание, до наведениот рок да се изнајде решение за обезбедување дополнителни средства до бараните производствени  откупни цени на грозјето и истите да бидат исплатени најдоцна еден месец по завршетокот на бербата,  заедно со исплатата на откупеното грозје. Во спротивно,  лозарите ќе бидат принудени да ги радикализираат барањата, да ги употребат сите дозволени средства, почнувајќи од протести, преку бојкот на откупот, па и до блокада на патишта и поважни државни сообраќајници, се до исполнување на барањата – нагласуваат од Здружението.

Оттаму додаваат дека овие мерки ќе бидат спроведувани во повеќе региони на државата, согласно постигнатата платформа на производителите на грозје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...