Велика Британија ќе ги врати назад мигрантите кои илегално се обиделе да навлезат на нашата територија од Франција, изјави британскиот премиер, Борис Џонсон.
– Ќе ве вратиме назад – одговори Џонсон прашан која е неговата порака кон илегалните мигранти, бидејќи властите пресретнале чамец полн со мигранти покрај јужниот брег на Англија, пренесе „Ројтерс“.
На Велика Британија не треба да се гледа како место на кое можете да доаѓате и да го кршите законот, рече британскиот премиер.