Актерката Скарлет Јохансон заработува милиони, сепак жените во филмската индустрија и натаму заработуваат помалку од актерите.
Јохансон е на врвот на Форбсовата листа на најплатени актерки веќе втора година по ред, но дури е на осмо место на листата на која се наоѓаат и мажи и жени.
Со приход од 56 милони долари, оваа триесет и четири годишна актерка е под седмопласираниот актер Адам Сендлер.