Скопјанец дома држел муниција

383

Скопјското обвинителство донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело  –  недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

– На 23 август, осомничениот 38-годишен скопјанец, во својот дом во Сингелиќ, неовластено кај себе држел 73 куршуми, од кои 67 парчиња од кинеско и 6 од албанско производство. Куршумите со калибар 7,62Х39 биле наменети за испалување од различни видови репетирачки, полуавтоматски и автоматски огнени оружја, соопшти Обвинителството.

Обвинителството доставило до Основниот кривичен суд Скопје предлог за определување мерка куќен притвор за осомниченото лице.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...