Бразилската војска е спремна да ги брани амазонските шуми, порача заповедникот на вооружените сили Едсон Леал Пујол по зголемениот меѓународен притисок и повика на цврста акција во борба против пожарите, додека претседателот Болонсаро потврди дека се разгледува можноста војската да се испрати на терен.
– На тие кои инсистираат на заштита на бразислка Амазонија им порачувам дека војниците секогаш ќе бидат внимателни и подготвени, спремни да се бранат и да ја отстранат секоја закана – рече Пујол.
Бразилскиот претседател Болсонаро изјави дека ќе се состане со министрите за наредните чекори, меѓу кои една од главните опции е да ја испратат војската на терен.
Лидерите на Велика Британија и на Франција ја зголемија меѓународната загриженост за пожарите во Амзаонија.