Штерјев: Добивме дел од списите за Јанева, седница идната недела

1230

Претседателот на Советот на обвинители Коле Штерјев ќе закаже седница на која се очекува да почне постапката за разрешување на специјалната Катица Јанева, третоосомничена во аферата „Рекет“ најверојатно во текот на наредната недела.

Тој во изјава за Плусинфо вели дека денеска добиле дел од списите што ги очекувале од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за активноститте што биле преземени во предистрагата и истрагата за „Рекет“, како и за мерката притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, но дека чекаат дополнително да добијат и друг материјал за да потоа закаже седница на Советот.

– Добивме дел од списите, штом ќе ги добиеме и останатите веднаш ќе одржиме седница на Советот на обвинители, а тоа најверојатно ќе биде во текот на наредната недела – одговори кратко Штерјев.

Откако пред два дена е приведена Јанева, се води политичка битка меѓу власта и опозицијата за разрешувањето на осомничената обвинителка и назначување на в.д. шеф на СЈО за кое ВМРО-ДПМНЕ смета дека ќе биде незаконско, ако се заобиколи собраниската процедура, наспроти власта која се повикува на уставната обврска за  владеење на правото и борба против корупцијата и се залага за избор на наследник на Јанева.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...