Болен и во затвор славниот Рајко Дујмиќ го прослави роденденот

Рајко Дујмиќ сè уште е во притвор во загрепскиот Реметинац, каде заврши на 1 јули.

7359

И додека неговите „Нови фосили“ се подготвуваат за голем славенички концерт со кој ќе прослават 50 години постоење на хрватската сцена, Рајко Дујмиќ летните денови и понатаму ги поминува во затвор.

Рајко Дујмиќ сè уште е во притвор во загрепскиот Реметинац, каде заврши на 1 јули бидејќи полицијата го сомничи за кривично дело на штета на неговата сопруга Снежана.

На Рајко му бил продолжен притворот на 1 август па го прослави својот 65-ти роденден на 7 август зад решетки.

Неговата сопруга Снежана, се пожалила на „Слободана Далмација“ дека не смее да го посетува. Таа ја даде својата изјава во Окружниот суд во Загреб на почетокот на јули.

„Сè што ќе ти кажам повеќе, само ќе има контраефект, се надевам дека ќе ме разберете“, рекла таа.

Дујмиќ поминал извесно време во затворската болница Светошимунска затоа што, наводно, тој имал тешкотии во дишењето и едвај оди. Неговата адвокатка, Сандра Ханчиќ, сепак, вели дека музичарот се чувствува добро.

– Колку што е тоа можно во овие околности. Тој прима соодветна терапија во затворот и тоа му помага. Тој е свесен за ситуацијата во која се наоѓа и тешко му е поради тоа. Освен мене, редовно го посетуваат неколку пријатели и колеги, кои честопати ми се јавуваат, прашуваат за него, тие исто така нудат и помош. Условите во затворот се добри и Рајко нема поплаки ни за тоа – рекла таа.

Дујмиќ беше приведен и во Реметинац во септември 2015 година за напад врз неговата сопруга. Снежана подоцна рече дека полицијата била повикана од соседите и дека таа не го пријавила нејзиниот сопруг.

Izvor: Index.hr

FOTO: Jutarnji.hr

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...