Рахиќ за РСЕ: Тешко е да вклопите профил како Јанева меѓу тие лица во Шутка

6364

Специјалната обвинителка Катица Јанева е сместена на најдобар начин на кој ние можеме да сториме, вели директорот на истражниот затвор Скопје, Есад Рахиќ во интервју за Радио Слободна Европа што в целост ќе се емитува в недела.

Јанева не е сместена во женското одделение, туку е во посебен оддел поради безбедносна проценка на затворската управа.

– Во принцип ниедно притворено лице не е само. Секогаш мора да има уште еден. Меѓутоа, со оглед на тоа дека станува збор за личност која била специјален обвинител, од посебен општествен интерес, и бидејќи тоа е така брзо направено, ние сметавме дека во еден временски период ние треба да направиме комплетна проценка од безбедносен и здравствен аспект – вели Рахиќ.

Тој додава дека сега во притворот има 18 жени, што е најголем број на притворенички досега, а затворот Шутка е ограничен со капацитетите за сместување.

– Тоа се поголеми одаи, да не речам ќелии во кои има по 4, 5 до 6 жени. Знаете, малку е незгодно, има различни профили на жени, имате женски лица осудени за убиства, имате за изнуда, малку е тешко да вклопите еден таков профил како Јанева меѓу тие лица. Но ние си ја вршиме нашата работа, таа е сместена на најдобар начин на кој ние можеме да сториме – вели Рахиќ за РСЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...