Стефанова: Од старт се оградувам од Јанева, немам намера да бидам нов шеф на СЈО

989

Јас ниту сум се доближила до Катица Јанева, од самиот страт се оградувам, изјави обвинителката Лиле Стефанова по денешното рочиште за случајот „Титаник“, кое се одложи на нејзино барање откако одбраната побара да се прекине процесот додека не се среди статусот на Јанева.

Стефанова нагласи дека не се гледа како нов шеф на СЈО и дека нема намера да се кандидира за наследник на Јанева.

– СЈО во овој момент се наоѓа во една од најтешките состојби што ги имало од основањето до денес. Затоа апелирам политичарите, сите чинители во државата да седнат и да го донесат Законот за јавното обвинителство за да немаме прекин на постапките, не само на оние што се дадени во суд, ние имаме и сериозни истраги. Со неносењето на Закон, со немањето овластвање, му даваме огромен простор на криминалот. Шефот е осомничен за криминал од пред два дена. Јас сакам да кажам дека денес гледаме расчистување со криминалот и треба да бидеме горди на тоа, па дали ни бил шеф, колега или пријател, воопшто не е важно – рече Стефанова.

Таа посочи дека одбраната не побарала изземање на неа или на Катица Јанева, туку изнела повеќе околности заради кои бара прекинување на расправата.

– Сметам дека сите тие укажувања треба сериозно да се размислат и да ги погледнеме. Колегиумот на јавни обвинители во СЈО да ги разгледа и да донесеме заеднички заклучок како понатаму ќе постапуваме. Денеска не беше побарано мое изземање. Не беше побарано изземање на Катица Јанева, туку беше побарано прекин на постапката – изјави Стефанова.

Прашана дали обвинителката Елизабета Јосифовска има право да ја менува Катица Јанева, Стефанова, рече дека таа нема такви права.

– Во судница нагласив. Јас лично сметам дека имам овластување да ја водам постапката и денеска да постапувам, меѓутоа сакам да дадам простор да размислиме убаво и да видиме што понатаму – изјави Стефанова.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...