Полицаец продавал кокаин во Белград и барал пари за да не пишува казни

201

Триесет и осумгодишен припадник на Министерството за внатрешни работи во Србија со иницијали Д.Л. е уапсен поради сомнение дека продавал дрога злоупотребувајќи си ја службената положба.

Како што пренесуваат српските медиуми, постојат сомнежи дека тој во првата половина од оваа година продавал кокаин низ Белград лично, но и преку други лица.

Покрај ова, осомничен е и дека од учесници во сообраќајот барал и добивал пари за да не им пишува казни за сообраќајни прекршоци.

Полицијата уште работи на утврдување на сите негови злоупотреби на службената положба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...