Токсиколозите наскоро ќе прегледуваат со обезбедување за да се заштитат од шокантните реакции

Оваа здравствена услуга не ја покрива Фондот за здравствено осигурување и пациентите приватно ја плаќаат, па и затоа има реакции кон вработените.

948

Универзитетската Клиника за токсикологија во Скопје наскоро ќе добие и обезбедување, поради зголемување на безбедноста на вработените во ноќната смена, кои сѐ почесто се изложени на напади, најчесто од роднини и пријатели на пациентите кои доаѓаат како итни случаи на преглед во оваа установа.

Последен напад се случил прексиноќа кога придружба на пациент ја нападнала 38-годишната вработена на оваа Клиника, која притоа се здобила со повреда на раката.

– Колешката која била нападната денеска не е на работа, па не можам да ви кажам  детали околу тоа како се случил инцидентот, за што разговаравме со другите колеги кои дежурале вечерта. Ни треба обезбедување за вработените кои дежураат во трета смена и за тоа веќе два-три пати разговаравме и со министерот за здравство, Венко Филипче. Се надеваме дека наскоро тоа и ќе се реализира – ни изјави директорот на оваа установа, д-р Нагиб Зумбери, кој ноќеска имал дежурство.

Во Ургентниот центар на Токсикологија велат имаат и по 20 итни случаи во текот на ноќта, најчесто по полноќ, а една од најчесто пружените здравствени услуги се детоксикација од злоупотребата на алкохол, но и од злоупотребата на наркотични средства. Во овој центар се носат и оние пациенти во животозагрозувачка состојба кои се обиделе да се самоубијат со таблети.

Се случува бурни реакции да има и од родителите, кога ќе слушнат дека треба да платат околу 3.000 денари за детоксикација, по првиот шок дека детето завршило на Токсикологија поради пијанство или предозираност со наркотични средства.

Оваа здравствена услуга не ја покрива Фондот за здравствено осигурување и пациентите приватно ја плаќаат, па и за тоа некогаш има реакции кон вработените.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...