Епидемиите на морбили отрезнија многумина во Хрватска кои одбиваа вакцинација

Најголем пораст на вакцинацијата е воочен токму кај примарната МРП вакцина, односно првото вакцинирање против морбили, рубеола и заушки, при што е забележано зголемување од ланските 89 отсто на 93,2 отсто, како и при ревакцинацијата против дифтерија, тетанус и голема кашлица во втората година од животот (од 86,6 на 89,4 отсто).

286

По седум години последователно намалување на стапката на имунизација во Хрватска, трендот конечно запре минатата година, објави „Вечерњи лист“.

„Очигледно епидемиите на заразни болести, главно морбили, кои во изминатите години ја погодија Европа, и кои завршија со смртни случаи, отрезнија многумина кои под влијание на антиваксерската кампања без никакво медицинско оправдување, одбиваа да ги вакцинираат децата“, пишува хрватскиот весник.

Запирањето на трендот е добар знак и доколку опсегот на имунизација продолжи да расте можно е да се избегнат епидемии на болести против кои се вакцинира, што претставуваше сериозна закана во последните години, порачуваат епидемиолозите.

Најголем пораст на вакцинацијата е воочен токму кај примарната МРП вакцина, односно првото вакцинирање против морбили, рубеола и заушки, при што е забележано зголемување од ланските 89 отсто на 93,2 отсто, како и при ревакцинацијата против дифтерија, тетанус и голема кашлица во втората година од животот (од 86,6 на 89,4 отсто).

Што се однесува на нус појавите од вакцините, Хрватскиот завод за јавно здраство води регистар и тие податоци потврдуваат дека сериозни реакции после вакцинација се случуваат исклучително ретко. Според регистарот, во Хрватска годишно има од еден до два случаи во кои треба да се даде адреналин и неколку случаи при кои е потребна примена на кортикостероиди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...