Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални утринава е пуштен од затвор, во кој мина 30 дена, јави на Твитер неговата адвокатка Кира Јарамиш, пренесоа британските медиуми.
Судот во Москва претходно вчера го одби барањето на директорот на затворот во кој Навалани ја отслужуваше казната, таа да му се продолжи за уште 18 часа.
Навални, кој важи за најголемиот непријател на Кремљ, минатиот месец беше осуден на 30 дена административен притвор заради организирање на неодобрен протест на опозицијата.
ФОТО: EPA / SERGEI ILNITSKY