Ако има докази нека се објават, за било кој, прво за мене, па после и за сите. Нека се објават секаде. Тоа го заслужуваат граѓаните за било кој, еве и мене ме спомнувате, ако е за Зоран Заев, веднаш да ги објават. Дали е италијанскиот новинар, дали е господинот Мицкоски, апелирам да објават.
Ова вечерва го порача премиерот Зоран заев по завршувањето на Централниот одбор на СДСМ на новинарско прашање за најавените нови бомби од страна на италијанскиот новинар, во кои наводно Заев бил директно инволвиран, заедно со министерот за здравство Филипче и директорот на Фондот за здравство.
Тој истакна дека тоа е начинот на кој се постапува во земја што е слободна и дека објавувањето на незаконски дејствија помага во јакнењето на сите општествени процеси и на државата.