Царовска, Петров, Спасовски, Зекири и Манчевски – потпретседатели на СДСМ

2052

Централниот одбор на СДСМ донесе одлука да се изберат пет потпретседатели на партијата и тоа Мила Царовска, актуелен министер за труд и социјална политика, Коста Петров, Оливер Спасовски, актуелен министер за внатрешни работи, Мухамед Зекири, актуелен пратеник во Собранието и Дамјан Манчевски, актуелен министер за информатичко опшество и администрација.

Перов на јавноста и е познат како авторот и ПР експерт. Тој и Царовска ќе ги заменат на партиските функции Петре Шилегов и Форсина Ременски.

Петров преку својот Фејсбук профил порача дека одлучил да влезе во политика за да се обиде да направи нешто подобро, а не само да стои настрана и да коментира. Вели дека немањето искуство во политиката го смета за свој најголем адут.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...