Османи: Очекуваме чиста препорака за преговори со ЕУ

108

Македонија успеа да испорача исклучително продуктивна реформска агенда во изминатите девет месеци и е повторно вратена на европскиот пат. Ова е пораката што на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи му била пренесена во разговорите со претставници на Европската комисија за време на вчерашната посета во Брисел.

Тој истакна дека Планот 3-6-9 е реализиран над 90 проценти и очекува Европската комисија во својот извештај за напредокот на патот кон ЕУ на земјата да биде најдобриот досега и да содржи чиста препорака за почеток на пристапните преговори.

– Генерално, иако реализацијата на овој План не може да се изрази во проценти поради квалитативноста на некои мерки, надминати се и најоптимистичките очекувања и степенот на негова реализација е над 90 проценти. Од вкупно 103 мерки помалку од 10 не се реализирани – рече Османи.

Тој истакна дека реформите не застануваат, тука со завршување на Планот 3-6-9, туку ќе продолжат и понатаму, согласно шесте водечки иницијативи содржани во Стратегијата на Европската комисија за проширување 2025 и сугестиите во Извештајот на ЕК што ќе биде објавен на 17 април.

Според него, вистинска валоризација на овој успех ќе претставува и успешното надминување на прашањето за името со Грција, па преку почеток на преговори со ЕУ уште повеќе да се зголеми реформскиот курс на државата, а во насока на постигнување просперитетно општество.

Османи го поздрави и враќањето на опозицијата во Парламентот, која ги подджа дел од реформските закони. За тоа како е обезбедена поддршката од опозцијата за донесување на реформските закони со двотретинско мнозинство, Османи рече дека тоа е постигнато со прифаќање на забелешките дадени од опозицијата.

– Воспоставивме нов стандард во донесување на законите. Никогаш немало ваква инклузивност и отвореноста во донесување на некакви закони преку вклучување на невладин сектор, на опозиција, дури и се обврзавме дека и законите кои не бараат двотретинско мнозинство нема да ги донесем додека не добиеме согласност од опозиција (закон за заштита на сведоци), оти сега е време за државен консензус. Ова не е проект на една влада и на една политичка партија туку проект кој го бараат граѓаните на РМ, а огромното мнозинство се за влез во ЕУ и НАТО – рече Османи.

За тоа како е обезбедена поддршката од опозцијата за донесување на реформските закони со двотретинско мнозинство, Османи рече дека тоа е постигнато со прифаќање на забелешките дадени од опозицијата.

Во однос на обвинувањата од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека наводно тој го кочел спроведувањето на планот за реформи и дека за тоа имал договор со шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати, Османи рече дека станува збор за смешна изјава, во која не верува ниту самата опозиција.

– Не можам да ја разберам нивната опседнатост со барање непријателство кон Албанците, градењето на нивниот политички имиџ преку антиалбански сентимент. Се покажа за нив дека тоа е уништувачко за партијата и државата и продолжуваат со истиот наратив. Секогаш некои Албанци им се криви за прашања кои немаат врска со политичките прашања. Тоа нема логика затоа што Планот 3-6-6 е мое политичко чедо кое што го создадов и го израснав заедно со колегите во министерствата и во Владата. Секој ден го презентираме, луѓето велат дека и од фрижидер излегуваме поради секојдневните барања во Владата да се притиснат министрите побрзо да ги реализираат мерките. Така што не чувствувам потреба да објаснувам. За мене е најважно дека Планот ги надмина и моите очекувања. Тука има  90 проценти, но јас велам сто проценти, затоа што суштината на Планот е реализирана. Македонија е вратена на европскиот пат, Македонија е валоризирана како позитивна приказна во регионот која зрачи внатре и во регионот, тоа очекуваме да го каже и ЕК – рече Османи.

Според него, ваквите обвинувања, му личат на големоруски кујни за големи албании.

На новинарско прашање за законот за употреба на јазиците, кој за него е донесен бидејќи трипати ја добил поддршката во Собранието, Османи го повика претседателот Иванов, како што рече, да ја искористи можноста и во наредните денови да ја одигра улогата на кохезивен фактор во државата. Изрази уверување дека законот ќе се спроведе, и оти чекаат прво одлука од Иванов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...