Заев верува дека нема грешки кај високи функционери на СДСМ врзани за „Рекет“

1451

Премиерот Зоран Заев по Централниот одбор на партијата изјави дека верува оти нема гршки кај високи функционери на СДСМ врзани за случајот „Рекет“. Тој потенцира дека сите треба да внимаваат да не го кршат законот, без разлика кои се.

Тој ова го изјави на новинарско прашање зошто во потпретседателскиот тим на СДСМ не се пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски.

Премиерот верува дека за „Рекет“ нема инволвирани луѓе од партијата, но ако за некого има докази вели дека секој треба да одговара.

– Реков ако некој биде осомничен партијата ќе постапи принципиелно, верувам дека никој не згрешил. Одлуките се донесени одпорано тие остануваат во партијата. Ременски и Кирацовски не се оти мандатот им заврши, тие се членови на ЦО, Ременски е на ИО – изјави Заев.

 

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...