Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева останвува во притворот во Шутка. Кривичен совет од тројца судии ѝ ја одбил жалбата за определениот 30-дневен притвор, потврдија од скопскиот кривичен суд.
Доцна синоќа ѝ беше определи притвор на шефицата на СЈО, по барање на Обвинителството за гонење организиран крииминал и корупција.
Јанева е третоосомничена во истрагата „Рекет“. Таа, според Обвинителството, му овозможила на осомничениот Орце Камчев поповолна позиција во истрагата на обвинителката Лиле Стефанова за предметот „Империја“, при неизменети околности и предложила да излезе од притвор.
Шефицата на СЈО е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластување. Доколку биде поднесено обвинение и биде осудена ѝ се заканува казна затвор од најмалку три години.