Нуркачи на мисија на длабочина од 3.800 метри каде лежат остатоците на ЊТитаник“, констатирале дека поради силните океански струи, корозија од сол и бактерии кои го разградуваат железото, остатоците на „Титаник“ исчезнуваат.
Најголемо пропаѓање забележано е на страната каде се наоѓа офицерската кабина.
– Кадата за капење на капетанот која јасно се гледа во остатоците, една од најдрагите слики на ентузијастите, сега повеќе не е таму – изјавил историчарот Паркс Стефансон, специјалист за „Титаник“.
Во текот на истражувањето било утврдено дека на остатоците од бродот се населиле суштества, што само по себе е интересно, бидејќи станува збор за голема длабочина во која температурата е на точка на смрзнување и ненормален притисок, но сепак има живот.
– На остатоците од бродот има микроби кои го јдат железото слабееќи ја неговата структура. Веруваме дека тоа е најголемиот фактор на пропаѓање на „Титаник“ – велат истражувачите.
„Титатник“ е повеќе од 100 години на дното на морето, одалечен околу 600 километри од обалата на Њуфаундленд во Канада по ударот во санта мраз на своето прво патување во 1912 година.