Не може здрави институции да изгради власт која ги сруши веќе новите институции кои биле надеж за граѓаните.
Како со секоја пропала или квази револуција, вистинското опаметување доаѓа после дефинитивниот пад на лажните митови и лажните надежи.
Пазете се од тие што ви пропагираат оправање на непоправливото, кои ви зборат дека немањето алтернативи е причина за одржување на нешто подеднакво ужасно кое не успеало да се надмине и да го надмине режимот.
Дека ќе потрае ќе потрае, дека е подобро од режим е подобро, но тоа не значи дека оваа власт повеќе има морален или политички кредибилитет.
Влезени во длабока импровизација, во бегство од реалноста, во обиди за контролирање на димензиите на криминалот, во празни дефокусирања, осудени се на бавен пад, а ние на бавно и тешко менување на политичките парадигми и откажување од задоволувањата со помалото зло.
Излагањето од таа димензија е единственото што може да создаде нова енергија, нови ментални и политички хоризонти, нов порив за градење институции и правна држава.
Сѐ друго е мачење, лажење, бедно слугување на прости логики и тесни интереси, одржување на помек, но еднакво криминален и клиентелистички систем.
Жими светите крави, овој ужас во очите на луѓето е разрешен, но како откажување, како апатија, бес и безизлезност.
А предобро знаеме, нема политичка сила, авторитарна или демократура била, која може во таков општествен амбиент да опстои или направи нешто добро.
(ФБ статус на авторот)