Почитуван вицепремиер за евроинтеграции, со целиот ваш медиумски ентузијазам да зборувате за случајот „Рекет“ или евроинтеграција, случајот за кој вие сте осомничени е наречен „Пациент“, исто како и називите „Рекет” , „Империја“, „Маѓар Телеком“, „Титани“, „Тврдина“…, и ова прашање никогаш не се отвори затоа што вие и вашиот субјект имате политичко влијание за да се постапува и да се води истрага само за случаи во рамките на рокот согласно Законот за специјалното јавно обвинителство, реагира Алијанса за Албанците.
– Вашиот политички субјект – ДУИ е најцрната дамка на разнишаниот правосуден систем. На јавноста и се свежи сеќавањата дека како Министерство за правда, заедно со функционери на ВМРО, го зазедовте судот, главниот обвинител, и оваа инсталација направи да инкриминирани функционери бидат заштитени од криминалот, и за жал тоа навистина се случува затоа што досега не се изведени пред лицето на правдата и немаме судска одлука за ниту еден функционер на ДУИ или пак нема индикации или сомневања за криминал и корупција за нивни поранешни функционери, стои во соопштението на АА.
Од Алијансата му одговараат како што велат, на цинизмот на вицепремиерот Бујар Османи дека без разлика дали се мала или голема опозициска партија, да биде трпелив до парламентарните избори, од кои ДУИ се плаши и во никој случај не сака тие да се одржат.