Бразил нема пари за борба против пожарите во Амазонија

192

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави денеска дека Владата има недостиг од средства за борба против шумските пожари во Амазонија.

Болсонаро, обраќајќи се на Фејсбук, рече дека сателитските снимки покажале дека прашумите во бразилскиот дел на Амазонија оваа година се погодени од рекорден број пожари.

Тој исто така негираше дека некогаш рекол дека невладини организации ги подметнале пожарите во шумите, укажувајќи дека зборувал само за лично сомневање.

Медиумите претходно пренесоа дека Болсонаро изјавил дека невладини организации ги подметнуваат пожарите во Амазонија со цел да ја дискредитираат неговата Влада откако им ги намалил финансиите.

Бразилската свемирска агенција неодамна соопшти дека бројот на пожари во Амазонија е зголемен за 83 отсто во однос на минатата година.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...