Клубот на Бекам му понуди четиригодишен договор на Луис Суарез

170
Photo: EPA/Rodrigo Jimenez

Американскиот клуб Интер Мајами има намера да го привлече напаѓачот на Барселона, Луис Суарез, објави „Мундо Депортиво“.

Според весникот, Уругваецот планира да игра во Американската лига во јануари или во летото 2020 година.

Интер Мајами е подготвен да понуди на 32-годишната sвезда 4-годишен договор. Договорот на Суарез со Барселона е до 2021 година.

Клубот на англиската легенда Дејвид Бекам ќе започне со учествуво во МЛС во 2020 година.

Фото: EPA/Rodrigo Jimenez

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...