Со општинското возило на Радовиш се шетал до Турција и направил сообраќајка

Поранешниот градоначалник во јули лани потпишал налог за користење на службено возило од лице кое не било вработено во Општината за патување на релација Радовиш-Чинарџик, Република Турција.

550

Полицијата му поднесе кривична пријава на поранешниот граданочалник на Радовиш Сaшко Николов (39) поради основано сомневање дека сторил кривично дело злоупотреба на службената  положба и овластување, соопшти денес портпаролот на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

Според неа, Николов на почетокот на јули лани постапил спротивно на актите на општината и потпишал налог за користење на службено возило „Пежо 528“, сопственост на општина Радовиш, на лице кое не било вработено во Општината за патување на релација Радовиш-Чинарџик, Република Турција.

– На 22 јули 2017 година, на враќање од Република Турција, физичкото лице со возилото предизвикало сообраќајна незгода во Република Турција, со што била причинета материјална штета на патничко возило „Форд“ во висина од 43.000 денари. По пристигнувањето во Република Македонија возилото „Пежо–528“ веднаш било однесено на поправка за што било платено на рака 10.000 денари. Подоцна, било утврдено и друго оштетување на возилото во висина од 20.487 денари, кое се уште не е санирано – рече поррпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска на денешната прес конференција.

На тој начин пријавениот нанел штета на буџетот на општина Радовиш во висина од 63.750 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...