Нападната вработена на Токсикологија од придружник на пациент

6200

Вработена Х.Ј. (38) на Клиниката за токсикологија во Скопје ноќеска била нападната додека била на дежурство, како што дознава Плусинфо, од придружба на пациент кој бил донесен во оваа установа. При нападот, вработената се здобила со повреда на  раката, а колегите биле информирани за случајот денеска на утринскиот колегиум.

Оваа Клиника во дежурната амбуланта речиси секоја ноќ има и по 20-тина приеми на пациенти, од кои најголемиот дел најчесто се во алкохолизирана состојба или под дејство на наркотични дроги.

Вработените со години дежураат без никакво обезбедување, кое, како што дознаваме, било ветено уште пред многу години.

И полицијата го расчистува овој случај. Ноќеска во 03.25 часот во СВР Скопје, Х.Ј.(38) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 02.30 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, во Одделот за токсикологија, додека ги извршувала нејзините работни задачи, била физички нападната од едно лице.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...